Се лажете ако мислите дека знаете за што станува збор: Го вдомил мислејќи дека е куче, но...
Кинески фармер пронашол напуштено животно во шумата во близина на својата фарма и мислејќи дека во прашање мало куче, го земал со себе дома.
Не се двоумел ниту секунда, туку влакнестото животно го земал и однел во својот дом среќен што животното ќе биде на сигурно.
Меѓутоа, по неколку недели, приметил нешто необично кај својот нов пријател. Животното немало опашка и премногу брзо растело за едно куче.
Тогаш сфатил дека не е во прашање куче, туку азиска црна мечка - безопасен вид на мечка која обично е мета на ловџиите, чии делови од телото на овој крај од светот се сметаaт како деликатес како и неговите супстанци се користат во медицината.
Мечката потоа ја однел во локалното засолниште за животни наменето за зачувување на видовите кои непромислено се убиваат од страна на ловџиите.
Не само што си најде нов дом, туку оваа симпатична мечка е спасена од сигурна смрт.
Имено, овој вид на мечки живее на Химелаите, во северните делови на азискиот континент, Кореја, северо - источна Кина, на сaмиот исток од Русија, островите во Jапонија и на Тајван.
Иако може да се сретне на сите овие мeста, сепак се смета за загрозен вид од страна на Интернациолната унија за зачувување на природата.
Ново на Сител
-
Течат рокови за приговори по вчерашното прегласување, привршуваат преговорите за Влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Свечена академија во чест на Националниот ден на Власите
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
„Македонија во чест на Свети Кирил“ - Претседателката се сретна со Папата
-
Македонците се условени да прифатат диктат откажувајќи се од самите себе, вели историчарот Панов
-
Преговорите за Влада во напредна фаза се уште нема конечен договор за Министерствата
-
Македонија во фокусот на грчката јавност
-
Продолжува хаосот на хирургија - 6ти ден не работат операционите сали