Џет-Сет
16. March 2017 - 15:02

Се „крчка“ четвртиот филм од серијалот „Матрикс“

Студиото „Ворнер" планира на филмското платно да ја врати франшизата „Матрикс".

Тоа би било четврти филм во серијалот, но не продолжение на сагата, туку она што филмаџиите го нарекуваат „рибут" - видоизменета преработка, обично со изменет нов заплет.

Култната научно-фантастична трилогија претставуваше своевидна револуција во филмската индустрија уште кога во 1999 година првиот филм го зарази цел свет.

Како што пренесува „Холивуд Рипортер", неименуван, но упатен извор, потврдил дека новиот проект е „во рана фаза, но дефинитивно се спроведува".

Како можни соработници се споменуваат сценаристот Зек Пен и глумецот Мајкл Б. Џордан за главната улога.