-->
-->
Се „крчка“ четвртиот филм од серијалот „Матрикс“
-->
Студиото „Ворнер" планира на филмското платно да ја врати франшизата „Матрикс".
Тоа би било четврти филм во серијалот, но не продолжение на сагата, туку она што филмаџиите го нарекуваат „рибут" - видоизменета преработка, обично со изменет нов заплет.
Култната научно-фантастична трилогија претставуваше своевидна револуција во филмската индустрија уште кога во 1999 година првиот филм го зарази цел свет.
Како што пренесува „Холивуд Рипортер", неименуван, но упатен извор, потврдил дека новиот проект е „во рана фаза, но дефинитивно се спроведува".
Како можни соработници се споменуваат сценаристот Зек Пен и глумецот Мајкл Б. Џордан за главната улога.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
30 години Сител со Тања Атанасовска - Бумбар
-
30 години Сител со Бошко Трпевски - Асовите бираат асови
-
30 години Сител со Мелита Ракичевиќ - Пет шоу
-
30 години Сител со Драган Павловиќ Латас
-
30 години Сител со Ивона Талевска - Боја на парите
-
Мицкоски бара нонпејперот на ЕУ да важи за целиот процес на преговори
-
Не сакаме српско сценарио со Универзална сала
-
Има перфектни но и слаби директори на ЈЗУ