Се имаат само еден со друг: По 65 години брак и сите несреќи во Сирија, успеваат да бидат насмеани
Нивната животна приказна воопшто не е лесна, но овие двајца Сиријци не се предаваат. Велат дека ќе се одморат и смират дури кога ќе умрат.
По дури 65 години во брак и по 8 деца, Ахмед ја гушка и бакнува Хадиџа и и вели дека ја сака „од овде до следното село“. Нивните татковци биле најдобри пријатели и Ахмед и Хадиџа се зеле уште многу млади. Живееле во сиромаштија и како што велат имале многу мрачни денови. Сепак, нивната љубов не згаснала.
-Од каде да почнам? Ми роди деца. Секогаш живеевме во хармонија, рече Ахмед, држејќи ја сопругата за рака.
Тие двајцата живееле со своите осум деца, но тогаш почнала војната. Хадиџа вели Ахмед секогаш напорно и вредно работел за да може да се грижи за своето големо семејство, но дека ова е првпат да живеат во толку тешки услови.
-Сакав да умреме пред да ни случи ова, ќе беше така подобро, вели старицата.
Децата на Ахмед и Хадиџа отишле во Турција, а тие останале во Сирија, поточно на границата меѓу Сирија и Турција. Сами и незаштитени.
-Се надевам дека моите деца ќе се вратат дома. Мислите ли дека ќе ги видам повторно? Како можам да ги видам, прашува Хадиџа, а нејзниот сопруг додава дека срцата им се заслепени од тага и сиромаштија.
-Најдобро е да биде како што Бог ќе одреди. Така е најдобро, мрмори Ахмед.
Речиси седум милиони Сиријци се интерно раселени. Најзагрозени и најранливи се токму најстарите бегалци. Но и покрај војната и тешкиот живот, Ахмет и Хадиџа се среќни што се имаат еден со друг.
Ново на Сител
-
Зајакнување на оперативната соработка и заедничко профилирање на ризици со Царината на Турција
-
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре во официјална посета на земјава
-
Кисела Вода со целодневна програма го одбележува својот патронат-Ѓурѓовден
-
„Мет-гала“: Ријана третпат бремена
-
Герасимовски: Доделуваме 10 илјади денари за возачки испит на младите, безбедноста во сообраќајот е најважна
-
Мерц за шест гласа не успеа да биде избран за канцелар во првиот круг гласање
-
Арсенал заинтересиран за трансфер на Родриго
-
Хамилтон ги критикува перформансите и стратегијата на Ферари