Се гради најголемиот кружен тек во Штип
Во Штип денеска почна изградбата на најголемиот кружен тек, кој ќе ја заменици познатата крстосница Дујле, а која централниот дел на градот и големите населби Сењак, Дузлак, Автокоманда и Баби ги поврзува со индустрискиот дел на градот.
Општина Штип за изградба на новиот кружен тек, со вкупна површина од 6.000 метри квадратни, издвои три милиони денари.
- Овде ќе се реконструира асфалтот, крстосницата ќе се пренамени во кружен тек. Крстосницата не е целосно блокирана за сообраќај. Рокот на изведба е најдоцна до 10 септември. Градежните екипи ќе работат интензивно во две смени, вели Александар Југов, раководител на ЛЕР ИТ при Општина Штип.
Југов истакна дека овој кружен тек се гради со цел за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот. - И самите знаеме дека на ова место веќе неколку години се повторуваат сообраќајни несреќи во кои за жал изгубивме неколку човечки животи, вели Југов.
Општината пред да ја почне изградбата има направено анализа со сообраќајната полиција при што мерена е и фреквенцијата на возилата и направено е вештачење. Сообраќајните знаци кои веќе се тргаат од оваа крстосница ќе бидат искористени за две сообраќајници во центарот и во населбата Сењак.
Ново на Сител
-
Најстудено на Попова Шапка
-
Зеленски: Клучно е САД да не го извлечат Путин од политичката и економска изолација
-
Макрон: Предложените европски воени сили во Украина би можеле да дејствуваат доколку Русија ги нападне
-
Пет години членство на Македонија во НАТО
-
На охридскиот аеродром прв лет од Истанбул
-
Путин: Некои луѓе на Запад не ја разбираат Русија
-
Милановиќ за коалицијата на подготвените: Тоа е фикција во која хрватските војници нема да учествуваат
-
Трамп воведе царини од 25 отсто за увоз на автомобили и лесни камиони во САД