Се градат забавен парк, летниковец и мини пазар во Кавадарци

Се градат забавен парк, летниковец и мини пазар во новиот центар во Кавадарци, позади зградите познати како „Лепотици”. Од кавадаречката локална самоуправа денеска изразија задоволство што локацијата која во минатото беше претворана во депонија, сега добива сосема поинаков лик.
- Партерно се уредува овој простор кој најпрвин беше планиран за деловно трговски центар. Но, по реакциите на околните жители, се донесе одлука локацијата да биде искористена за одмор и рекреација граѓаните, како и за мини пазар во кој ќе пазаруваат кавадарчани кои живеат во овој нов дел на Кавадарци, информираа од општината.
Оттаму појаснија дека летниковецот е изграден со помош на средства од Вардарскиот плански регион. Партеното уредување ќе чини 1,5 милион денари. Уште толку се планира да се инвестираат во хортикултура. Во тек е тендерот за осветлување на овој простор и за изградба на мини пазар. За три до четири месеци овде ќе биде изграден мини пазарот за кој трезгите се веќе набавени.
Се работи и на други локации во општината, од локалната самоуправа најавија дека секој погоден момент ќе се користи за комунална изградба.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Низа настани за одбележување на 75-годишнината на Државниот архив
-

Дизелот поскапува, бензинот БС-95 поевтинува: Нови цени од полноќ
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Подгответе се за долги редици на граничните премини со ЕУ, од петок стартува новиот систем
-

Студентите албанци на протест: Бараат полагање на правосуден испит и на албански јазик
-

Јавна расправа за Совет на обвинителите
-

Сведоци за „Пулс“ ќе се носат со полиција ако не дојдат на судење
