Се гасне пожарот кај месноста Вртена Скала, Пехчевско, вклучени хеликоптери на АРМ
Пехчево денеска е завиено во чад, по пожарот кој вчера околу пладне повторно избувна над градот. Во пожарот изгоре единственото противпожарно возило сопственост на Доброволното противпожарно друштво „Пехчево", а припадници на друштвото се здобија со помали изгореници, откако беа извлечени и спасени од вработените на подружницата на ЈП Национални шуми од Пехчево.
Од утрово пожарот се гаси од земја и воздух со хеликоптерска поддршка на АРМ, додека на терен покрај ДПД „Пехчево" се наоѓа поголем екипаж луѓе од Пехчево и околните места.
Хеликоптерите коишто учествуваат во гаснењето црпат вода од импровизираниот базен на Градскиот стадион.
Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански апелира и понатаму кој е во можност да се приклучи на екипите со збирно место на градскиот плоштад. Во меѓувреме, на отворениот штанд се доставуваат продукти и вода за учесниците во гаснењето на пожарот.
Моментално ТППЕ Берово заедно со Шумската полиција, претставници од ЈП Национални шуми од Берово и Пехчево, како и припадници на ТППЕ Кавадарци, заеднички го гаснат пожарот над Пехчево на месноста Вртена скала.
Ново на Сител
-
„Балансерот“ утре на седница на Уставниот суд
-
Мој Народе - Ново од групата Меморија
-
МВР: Претрес во Куманово, приведен дилер, пронајдена дрога
-
ЦУК: Вкупно 1.704 повици на 112, четири пожари на отворено и апел за редовно чистење на локалните одводни канали
-
Состанок на Постојаната експертска група за болеста африканска чума кај свињите
-
Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, како последица на вирусот починале четири лица
-
ЈП Комунална хигиена - Скопје: Oтстранети диви депонии на пластичарска улица и во населбата Топаана
-
Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога