Се формираат избирачките одбори за Локалните избори 2017
Општинските изборни комисии (ОИК) преку софтверот и базата на Државната изборна комисија (ДИК) денеска започнаа со избор на членови на избирачките одбори за Локалните избори 2017 закажани за 15 октомври. За четири дена, по случаен избор од редот на администрацијата, треба да бидат избрани 20.886 лица за претседатели, заменици претседатели, членови и заменици членови во избирачките одбори за 80 општински изборни комисии.
Само денеска треба да бидат избрани членови на избирачки одбори за Битола, Куманово, Прилеп, Гостивар, Кичево, Тетово, Струга, Аеродром, Гази Баба, Охрид, Чаир и Босилово. Вкупно ќе бидат избрани 7.908 лица.
Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во средината на овој месец објави дека до ДИК доставила Регистар на вработени во јавниот сектор со податоци за 115.729 лица.
Портпаролката на ДИК Аријета Џемаили изјави дека не постои простор за манипулација при изборот на членовите на избирачките одбори, бидејќи базата е добиена од МИОА и се работи за случаен избор.
За време на случајниот избор во Домот на АРМ, членот на ДИК Силвана Бонева изрази незадоволство што ИТ службата на Комисијата, иако имало заклучок од синоќешната седница, до нив не доставила информации за вработените во јавниот сектор по општини.
- ДИК доцна синоќа донесе одлука со која го задолживме раководителот на ИТ секторот од вкупната база на податоци која што ја имаме добиено за вработени во државната, јавната, општинската администрација и администрацијата на Град Скопје да добиеме преглед по општини и по етничка структура и од кој вкупен број на вработени ќе се бираат членовите на избирачките одбори, за сите да имаат доверба и да можат да следат и набљудувачите и политичките партии и ние од како членови на ДИК. Таквите прегледи по општинска и по етничка структура требаше да ги добиеме денес пред почетокот на случајниот избор, рече Бонева.
До пладне, според Бонева, раководителот на ИТ секторот ниту на членовите на ДИК ниту на членовите на ОИК не им доставил таков преглед. - Тоа е спротивно на одлуката на ДИК и Комисијата треба многу сериозно да реагира и во текот на денешниот ден да одлучиме по ваквото однесување на раководителот на ИТ секторот, рече Бонева.
Во текот на денот, членовите на ДИК имаа средби со членовите на присутните претставници од ОИК.
Избирачките одбори треба да бидат комплетирани со по еден член и заменик кои ќе бидат предложени од политичките партии на власт и од опозицијата со најмногу освоени гласови на последните избори. Политичките партии на овој начин треба да предложат вкупно 13.924 лица за членови и нивни заменици во избирачките одбори. Рокот за доставување предлози од политичките партии е до 26 август, а доколку не достават имиња до ОИК, членовите на избирачките одбори ќе се изберат од редот на администрацијата.
За гласањето на овие избори во 80 општински изборни комисии ќе се формираат 3.481 избирачки одбор, а за таа цел ќе бидат именувани 34.810 лица од администрацијата и на предлог на политичките партии.
Според Роковникот на ДИК, најдоцна до 27 август ОИК треба да ги формираат избирачките одбори.
Од вчера течат роковите за увид во Избирачкиот список за локалните избори што ќе трае до 9 септември на полноќ и за собирање на потписи пред овластени претставници на ДИК за предлагање на листа на кандидат за градоначалник и за членови на советот на општината од група избирачи. Собирањето потписи ќе трае петнаесет дена односно до 4 септември на полноќ.
Ново на Сител
-
За влез во земјава на „Табановце“ се чека два часа, на останатите премини околу еден час
-
Два хеликоптера на МВР вклучени во гасењето на пожарот кај Василево
-
Најмалку 18 лица загинаа, а 30 се ранети во три напади на жени бомбаши самоубијци во Нигерија
-
Свечља: Вучиќ ќе биде затворен ако се обиде без дозвола да влезе во Косово
-
ИНСТАТ ја коригираше грешката, на прегледот за пописните резултати напиша Македонци
-
До 14 часот на изборите за нов лидер на СДСМ гласале 28,61 отсто од регистрираните избирачи
-
Мицкоски на средба со Перински и Димитриеска Кочоска: Со ребаланс на буџетот ќе обезбедиме 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините
-
Бериша: Албанија нема повеќе од 1,4 милиони население