-->
-->
Се е подготвено за кошаркарскиот "Хуавеј" Супер куп на Македонија
-->

Претстојниот викендов Македонската кошаркарска федерација и општина Охрид ќе бидат домаќини на кошаркарскиот ХУАВЕЈ Супер куп.
Во пресрет на новата кошаркарска сезона, во Охрид викендов ќе се одржи Хуавеј Супер купот на Македонија, кој за прв пат ќе се игра турнирски.
На истиот ќе настапат четирите најдобри екипи од минатата сезона, финалистите во Купот и финалистите во плејофот.
Во првото полуфинале во сабота од 17 часот и 30 минути ќе играат куп финалистите, Работнички и Кожув, додека во второто полуфинале чиј почеток ќе биде од 20.15 часот ќе се сретнат шампионот МЗТ Скопје А. и вицпрвакот Куманово.
Повод ова натпреварување денеска беше одржана прес конференција на три од четирите тима учесници, на која не присуствуваат претставници од Работнички.
- Ова ќе биде одлична можност сите да ја провериме моменталната подготвеност на нашите екипи во пресрет на новата сезона, која стартува на 10 октомври, но воедно, и со трофеј да ја започнеме сезоната, беа едногласни сите присутни на прес конференцијата.
За најдобрите поединци на купот, односно најдобриот стрелец и најкорисниот кошаркар (МВП), како и за најсреќниот гледач на финалниот натпревар, спонзорот Хуавеј (Huawei) обезбеди вредни награди.
Финалниот меч на програмата е во недела со почеток од 19.30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николоски: Деталите за престој на превозниците во ЕУ по средбата во Брисел ќе ги прецизираме заедно со нив
-

Почина поетот, писателот и преведувачот Тихомир Јанчовски
-

Македонците кои трчаа на Tor des Geants | Катерина Шиповиќ и Жикица Ивановски | Sitel Podcast 137
-

Едно од десет лица во светот работи во „ноќната економија“ – анализа презентирана во Давос
-

Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница
-

Орбан: Парите за Украина треба да се пренасочат кон развој на армиите на европските држави
-

Јаневска: Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР, наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата
-

Мицкоски за проблемот со транспортерите: Имавме дипломатска офанзива, има неколку можни решенија
