Кошарка
24. September 2015 - 11:16

Се е подготвено за кошаркарскиот "Хуавеј" Супер куп на Македонија

Претстојниот викендов Македонската кошаркарска федерација и општина Охрид ќе бидат домаќини на кошаркарскиот ХУАВЕЈ Супер куп.
 
Во пресрет на новата кошаркарска сезона, во Охрид викендов ќе се одржи Хуавеј Супер купот на Македонија, кој за прв пат ќе се игра турнирски.
 
На истиот ќе настапат четирите најдобри екипи од минатата сезона, финалистите во Купот и финалистите во плејофот.
 
Во првото полуфинале во сабота од 17 часот  и 30 минути ќе играат куп финалистите, Работнички и Кожув, додека во второто полуфинале чиј почеток ќе биде од 20.15  часот ќе се сретнат шампионот МЗТ Скопје А. и вицпрвакот Куманово.  
 
Повод ова натпреварување денеска беше одржана прес конференција на три од четирите тима учесници, на која не присуствуваат претставници од Работнички.
 
- Ова ќе биде одлична можност сите да ја провериме моменталната подготвеност на нашите екипи во пресрет на новата сезона, која стартува на 10 октомври, но воедно, и со трофеј да ја започнеме сезоната, беа едногласни сите присутни на прес конференцијата.
 
За најдобрите поединци на купот, односно најдобриот стрелец и најкорисниот кошаркар (МВП), како и за најсреќниот гледач на финалниот натпревар, спонзорот Хуавеј (Huawei) обезбеди вредни награди.
 
Финалниот меч на програмата е во недела со почеток од 19.30 часот.