Се доизгаснува големиот пожар кај Струмица

Големиот пожар кој избувна вчера околу пладне и се прошири до градот, поточно до месноста Софилар, се доизгаснува, изјави командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.
Според него, две екипи се на терен и вршат доизгаснување на дрвја и трупци, со цел да се спречи повторно активирање на огнот.
-Засега е мирно и под контрола. Но, доколку се појави ветер може повторно да го активира пожарот, рече Гудев.
Освен пожарникарите, теренот се контролира и со пинцгаурите на Дирекцијата за заштита и спасување, а во функција е и дронот со кој се наблудува теренот.
Инаку, во вчерашниот пожар, која зафати голема површина во атарите на селата Водоча и Баница и стигна до периферијата на Стурмица, до населбата Софилар, изгореа помошни објекти, долгодишни насади, камионска приколка, земјоделска механизација и опожарени се повеќе дворни површини.
МИА
Ново на Сител
-

Пронајдена марихуана при претрес во дом во Гостивар
-

Зголемена фреквенција на возила и поголем застој за влез во државата на граничните премини со Грција
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
