Се чисти огромна депонија во Драчево, исчистени уште 7 други во Стаклара, Усје и Кисела Вода
Продолжува отстранувањето на дивите депонии во Кисела Вода. Вчера отпочна чистење на огромна депонија во Драчево, во местото викано Аџево, на патот кон Китка. Се работи за огромна црна точка на мапата на општината, создадена од несовесност и негрижа на граѓаните кои не размислуваат за последиците по животната средина и ризикот по здравјето на луѓето. Камионите натрупани со отпад од секаков вид, во текот на целиот ден го растовараат во депонијата во Дрисла. Денес ќе се работи цел ден, ќе се работи и во текот на утрешниот ден, се до конечно расчистување на оваа депонија.
Паралелно, во овие три дена се исчистија и седум други помали депонии во населбите Стаклара, Усје и во Кисела Вода. Во Стаклара, се прошири и патот каде што имаше наноси од поплавите и невремињата. Покрај отстранувањето на депониите, беше извршено и машинско метење на повеќе улици во неколку урбани заедници. Со машини-метларки беа изметени улиците Иван Козаров, Народни Херои, Антон Попов, Димо Хаџи Димов и Христо Татарчев. Чистењето на општината продолжува. Апелираме до сите наши жители, до сите граѓани за совесно однесување и за доследно почитување на Законот за јавна чистота. Загадувањето на средината во којашто сите живееме носи последици за сите подеднакво, вклучително и за загадувачите.
Ново на Сител
-
САД: Земјите кои не возвратија на царините ќе бидат наградени
-
Трамп ги зголемува царините за Кина на 125 отсто, но најавува 90-дневна пауза за останатите земји
-
Дортмунд подготвува нов договор за Ковач
-
Ердоган ја обвини главната опозициска партија за „фашизам“
-
Вучиќ за утврдување одговорност за посетата на повредените од Кочани: Никој не ме пушти, сам си влегов, и што сега?
-
Директори злоупотребиле службена положба и ги оштетиле буџетите на две беровски училишта за вкупно 1.171.000 денари
-
Трендафилов: Владата не е против зголемување на минималната плата, туку останатите два синдиката
-
Изградбата на втората фаза во Затвор Идризово се очекува да започне до крајот на годинава, најави Пандов