Се чисти коритото на реката Тополка помеѓу селата Горно и Долно Јаболчиште
Општина Чашка веќе петнаесетина дена работи на чистење на коритото на реката Тополка помеѓу селата Горно и Долно Јаболчиште со цел да ја исчисти реката од комуналниот отпад што е натрупан со децении. Чистењето е во рамки на проект вреден два милиони денари што Општина Чашка го обезбеди од УНДП преку Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.
Како што појасни за МИА, Горан Стојановски градоначалник на Општина Чашка се чисти коритото на реката во должина од четири километри меѓу двете села, плус два километра во самите села или вкупно шест километри. Со чистењето ќе се подобри животната средина во овие населени места и пред се ќе се подобри чистотата на водата на реката од која преку хидросистемот „Лисиче“ во вода за пиење се снабдуваат жителите на Велес и околните населени места.
-Проектот е некаде до половина и треба да заврши за еден месец. До крајот на чистењето очекуваме да собереме околу пет илјади кубни метри комунален отпад, посочи Стојановски.
За надминување на повеќе децениската состојба со сметот во реката, како што појасни градоначалникот Стојановски, во првата фаза од проектот, општината обезбедила континуирано собирање на смет од овие две населени места и набавка на возило за смет, како и контејнери и канти за смет за секоја куќа во двете села во кои живеат повеќе од четири илјади жители.
-По завршување на втората фаза, односно чистењето на речното корито на реката Тополка, планираме да започне и третата фаза која е многу важна, а тоа е изработка на фекална канализација, со колектори и прочистителни станици во двете села Горно и Долно Јаболчиште. Тоа ќе значи трајно решавање на овој горлив проблем, кој треба да се реши до крајот на идната година. Овој проект ќе чини околу три милиони евра, средства кои се обезбедени од Буџетот на државата со пренамена на средствата од не изградбата на аеродром во Штип, појасни Стојановски.
Ново на Сител
-
На патот Неготино-Градско во возило „рено клио“ пронајдени пет мигранти од Египет
-
Тошковски: Не можам да се сложам дека актуелни носители на функции не се дел од истрагата за пожарот во Кочани
-
Две деца на возраст од 11 и 13 години се оддалечиле од Детско село
-
Црвен крст: Досега собрани 48.172.115 денари
-
Хоспитализиран 56-годишен пациент од сообраќајката кај Соколарци
-
Панчо од ДНК е надвор од животна опасност, велат од „Систина“
-
Д-р Мерџановски: Брза и ефикасна беше реакцијата за згрижување на пациентите од Кочани
-
Тошковски: Најважно од сѐ е да се покаже одговорност преку дејствување