Тошковски: Најважно од сѐ е да се покаже одговорност преку дејствување

Министерството за внатрешни работи (МВР) во соработка со надлежното Јавно обвинителство ја заврши првата фаза од истрагата за пожарот кој ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани. Против 34 физички лица и три правни субјекти се поднесени кривични пријави за предизвикување општа опасност, додека едно лице е осомничено за примање поткуп, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
На денешната прес-конференција во МВР, Тошковски изјави дека оваа трагедија повикала на целосна мобилизација на институциите.
-Оваа трагедија повика на целосна мобилизација на сите институции. МВР ги активираше своите капацитети, од обезбедување на местото, евакуација на повредените, регулирање на сообраќај па сѐ до логистичка поддршка за нивниот транспорт и лекување. Над 250 беа брзо и безбедно транспортирани до болниците, а над сто надвор од државата. Веднаш беа изработени итни патни документи за повредените и за најблиските, рече тој.
Изрази благодарност до сите институции и сите оние кои учествуваа во овие напори и порача: „Македонија мора да победи во битката со системската корупција која одзеде 59 млади животи“.
-Кога се случи сето ова со болка во душата ветивме дека нема да има компромиси со правдата и ќе има брза и праведна истрага. Свесен сум и за сомнежот кој постои кај вас, знам дека досегашните искуства беа болни и загрижувачки и го оправдувам вашиот сомнеж, но нагласувам дека таа загриженост е непотребна и докажуваме преку нашите постапки дека има разлика и дека сме одлучни таа разлика да ја покажеме одговорно и посветено и свесни сме дека не смееме да ве разочараме, рече Тошковски.
Нагласи во овие моменти најважно од сѐ е да се покаже одговорност преку дејствување.
-Јас ја чувствувам мојата морална одговорност длабоко и искрено, но верувам дека во овие моменти е најважно да се покаже одговорност со дејствување. Затоа, останувам тука со истата решителност и посветеност, да ја водам оваа битка, ама до крај. И иднина кога ќе дојде денот мојата политичка кариера да заврши како и што почна, со љубов и лојалност кон државата, кон граѓаните и кон овие млади невини животи, со пример, доблест и чесност и верувам дека тоа ќе се препознае низ делата кои ќе ги оставиме зад себе, нагласи Тошковски.
Претходно денеска државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека со завршување на истрагата ќе се разјаснат сите околности и факти за причината за пожарот, кој го предизвикал, начинот на предизвикување и со кое пиротехничко средство.
Тој ова го посочи, одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција на која објави дека за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица. Со ова, за пожарот во кој животот го загубија 59 лица, меѓу кои шест деца, вкупниот број на осомничени е 34 физички лица, откако вчера ОЈО отвори истражна постапка против седум полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани.
Ново на Сител
-

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец
-

Лавров: САД сакаат да го купат европскиот дел од Северниот тек
-

Туск: Можеби е подобро што Зеленски поради војната со ордените не доаѓа утре во Гдањск
-

ЦУК: Еден пожар активен, еден ставен под контрола, седум изгаснати
-

Мерц: Поддржете ја мојата пензиска реформа или ќе пропуштите шанса што се случува еднаш во генерација
-

УЈП: Наближува рокот за поднесување на првите даночни пријави врз основа на Законот за минимален глобален данок на добивка
-

Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Тошковски
-

Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото
