Се чистат каналите за наводнување во Делчевско
Се чистат каналите за наводнување во делчевскиот регион. Екипи од АД Водостопанство - Подружница Берово, работат на чистење на каналите и поставување каналетки во атарот на село Тработивиште под мостот на патот Тработивиште - Разловци, а се интервенира и да се стави во фукнција и Виречкиот јаз.
Досега е исчистен селскиот јаз во должина од околу еден километар, а со машини се интервенира на реките Брегалница и Желевица за пуштање вода во каналите.
Увид во текот на работите извршија градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски и раководителот на Секторот при АД Водостопанство Крсте Даниловски. Трајковски истакна дека по дваесет години, прв пат се чистат каналите за наводнување покрај плодните делчевски ниви.
- Мора да изразам задоволство што АД Водостопанство го слушна нашиот апел и излезе во пресрет на земјоделците од Делчевско, конкретно, на земјоделците кои имаат обработливи површини во атарот на село Тработивиште. Конечно, по 20 години ги чистиме земјоделските канали и нивите во селото, кое е на две реки, повеќе нема да бидат жедни. Изминатиов период земјоделците сами се снаоѓаа, за да стигнат до водата и да ја донесат до нивните површини. Запознат сум дека многу од земјоделците се откажале од земјоделската работа, само поради овој проблем. Ние го решаваме и очекувам овој потег да придонесе во проширување на обработливите површини на полето каде некогаш се садел и ориз. Со тоа даваме свој придонес во создавање услови за развој и подобри услови за земјоделската дејност, истакна Трајковски.
Даниловски потенцираше дека екипи на АД Водостопанство прв пат работат во Делчевско.
- Нашата цел е овој крај да заживее со вода и да се развива земјоделството како гранка која ќе биде број еден во државава. Овде многу години водокорисниците немале грам вода за своите потреби. Со поддршка на Општина Делчево, Министерството за земјоделие и Министерството за животна средина ние работиме секој водокорисник да има вода, истакна Даниловски.
Слични активности екипите на АД Водостопанство ќе имаат и на земјоделските површини во Разловци, а согласно со планот и програмата на ова претпријатие ќе се интервенира и на земјоделските површини во останатите села во делчевската општина, а ќе се стави и акумулацијата Петрашевец за наводнување на земјоделските површини.
Ново на Сител
-
Муцунски од Блед: Проширувањето не смее да биде заложник на билатерални прашања
-
Приведен 29 годишен кавадарчанец, управувал возило со 2.67 промили алкохол во крвта
-
Приведен 31-годишник од Куманово, предизвикал пожар на патничко возило „ланд ровер“
-
Приведен 25-годишник од Кавадарци, возел со 217 километри на час на место каде е дозволено 120
-
Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо
-
Два турски Ф-16 прелетале меѓу грчките острови Родос и Кастелоризо
-
Поранешниот директоро на АНБ, Виктор Димовски, тврди дека Мицкоски не бил следен и прислушуван во негово време
-
Романските власти предупредија дека е можно објекти да паднат од воздух поради руски напад врз Украина