Се чекаат резултати од тест за присуство на коронавирус кај уште едно лице
Во овој момент се чекаат тестовите за евентуално присуство на коронавирус на уште едно лице кое дошло од Рим и се јавило на Клиниката за инфективни болести со знаци на грип. Резултатите ќе бидат готови за час и половина по што јавноста ќе биде информирана, рече на попладневната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Претходно негативни на присуство на коронавирус беа тестовите на двајца тестирани пациенти, еден возач на камион кој дошол од Северна Италија и една пациентка која допатувала од Рим.
Во моментов, веќе хоспитализираната пациентка на Инфективната клиника во Скопје, која со комбе допатува од Милано е единствениот регистриран случај заразен со вирусот COVID 19.
-Пациентката, пак, кај која беше потврден коронавирус се чувствува добро, има лесна клилничка слика и нема посериозни компликации, рече Филипче.
Тој информираше дека 12 лица кои биле во контакт со оваа пациентка се во домашна изолација и не смеат да го напуштаат живеалиштето ниту некој да им доаѓа на гости. Тие се здрави, немаат никакви симптоми. Филипче потенцира дека на овие лица храна и вода и други потребни намирници ќе им доставуваат припадници на Црвениот крст.
– Колку се во домашна изолација, што значи дека се изолирани од конакти со други лица, не смеат да ги напушаат домовите и не смеат да им доаѓаат други лица во домовите. Станува збор за 12 здрави лица, од кои две се деца, во Скопје и Струмица, пред се членови на фамилиите во неколку куќи во истите дворови, рече Филипче.
Во меѓувреме, Владата ги извести сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработени во основно, средно и високо образование како и сите ученици и студенти дека доколку во последниве две недели патувале или живеат со некој кој патувал во регионите: Ломбардија, Венето, Емилија Ромања, Пиемонт во Италија, како и Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур, Тајван потребно е, да не доаѓаат на работа/училиште/факултет и да ја информираат институцијата/претпријатието/
На тој начин ќе се соберат релевантните информации и ќе им се даде соодветен совет во зависност од ситуацијата. Во случај на појава на симптоми лицата да се јават на телефонските броеви:
• ЦЈЗ Битола 071/261-330
• ЦЈЗ Велес 071/219-278
• ПЕ Гевгелија 078/545-444
• ЦЈЗ Кочани 071/373913
• ЦЈЗ Куманово 070/215-851
• ЦЈЗ Охрид 070/723-029
• ЦЈЗ Прилеп 076/475-747
• ЦЈЗ Скопје 071/289-614
• ЦЈЗ Струмица 072/235-543
• ЦЈЗ Тетово 075/240-464
• ПЕ Гостивар 076/365-161
• ЦЈЗ Штип 078/365-613
• ИЈЗ Скопје 078/387-194
• ЗД Ало докторе 02/15-123
– Сите надлежни служби навремено и одговорно го спроведуваат протоколот. Апелираме до граѓаните да не се создава паника и да се информираат за состојбата исклучиво од официјални извори и информации. Министерството за здравство продолжува редовно да информира за состојбата, соопшти Министерството за здравство.
Ново на Сител
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
