-->
-->
Се асфалтира патот до Мариово
-->
Започнаа градежните активности околу асфалтирање на регионалниот патен правец Рапеш – Старавина во должина од девет километри.
Градежните работи се доверени на ЈП „Македонија пат“ и според договорот асфалтирањето треба да заврши на време и во предвидениот рок, посочи градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузманоски.
- Во тек се градежни работи и асфалтирање на регионалниот пат до Мариово, од потегот кај село Рапеш, мостот на река Црна, до село Старавина. Вкупната должина на патот е девет километри. Со завршување на оваа делница од Битола до селото Градешница чија должина изнесува 53 километри, целосно ќе биде асфалтиран патот до Мариово, потврди Кузманоски.
Паралелно со овој пат интензивно се работи и на реконструкција на регионалниот патен правец Р-1311 на делницата Битола- Новаци до РЕК Битола во должина од 12 километри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива