Се асфалтира финалниот слој на улицата „Алија Авдовиќ“

Увид во градежните активности за ставање на финалниот слој на асфалт на улицата „Алија Авдовиќ“ во населеното место Сингелиќ денеска направија градоначалниците на Град Скопје и на општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски.
Реконструкцијата на патот, чија должина изнесува 550 метри, а широчина на коловозот околу 6 метри, со две коловозни ленти и тротоари од двете страни на коловозот, во вредност од околу 8 милиони денари ја финасира Град Скопје.
На улицата, која ја користат и жителите на Стајковци, Страчинци, Виниче, Црешево, Смилковци, Булачани и Раштак, направена е атмосферска канализација и е поставено улично осветлување од едната страна.
Градоначалникот Трајковски истакна дека во изминатиот период општина Гази Баба направи реконструкција на патот на потегот од Сингелиќ кон Стајковци, во должина од 1,7 километри. Се работи интензивно и на санација на останатите улици низ општината, каде се вклучени ЈП Македонија пат, за улиците кои се по програмата на Владата и ЈП Улици и патишта за улиците кои се во програмата на Град Скопје.
Тој посочи дека за годинава е предвидена санација на околу 80 улици.
Ново на Сител
-

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина
-

Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе биде чисто
-

Нетанјаху нареди силни удари врз Газа по прекршување на примирјето
-

По Куманово, дојави за бомби во основни училишта и во Скопје
-

Дојави за наводно поставени бомби во повеќе основни училишта во Куманово
-

Димитриеска Кочоска: Со Предлог буџетот за 2026 забрзување на економскиот раст, дури 40,5 милијарди за капитални инвестиции
-

Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина
-

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 проценти, инфлација 2,5
