СДСМ: Здравството беше во хаос поради криминалните тендери на ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ во денешната пишана реакција на прес-конференцијата на Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ наведува дека здравството беше во хаос поради криминалните тендери на ВМРО-ДПМНЕ.
- Ниту една лицемерна изјава или соопштение на ВМРО-ДПМНЕ не може да го сокрие хаосот што таа партија го остави во здравството. Единаесетгодишното расипничко и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ го урниса здравствениот систем. Додека поединци од ВМРО-ДПМНЕ се богатеа од криминални тендери, болниците и клиниките се распаѓаа и тонеа во долгови, редовно недостасуваа лекови и опрема, правата на пациентите се погазуваа, а илјадници лекари неможејќи да работат во нехумани услови, трајно го напуштија јавното здравство и државата, велат од СДСМ.
За разлика од таквиот нехуман пристап на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ, како што истакнуваат во соопштението, ги надминува напластените проблеми, ги враќа долговите и го унапредува здравствениот систем во интерес на сите граѓани.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ