СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ намерно шири лаги за Коридорите 8 и 10д
ВМРО-ДПМНЕ е против секој стратешки проект во државата и затоа намерно шири невистини за најголемиот проект вреден 1.3 милијарди евра, изградба на коридорите 8 и 10д
Не се точни тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека државата ќе плаќа пенали ако во Собранието не биде донесен пакетот закони поврзани со изградбата на коридорите.
Како кај секој друг договор каде Инвеститорот и Изведувачот имаат свои права и обврски и согласно случениот договор, Изведувачот може да работи во услови каде важат постоечките законски одредби.
Но во тој случај рокот за изведба би бил подолг. Имајќи предвид дека станува збор за стратешки проект од национален интерес, наместо да трае со години изградбата и да чини повеќе, понудено е решение за да се заврши проектот во што покус временски рок.
Криминалната ВМРО-ДПМНЕ е последна што може било кого да прозива за оваа тема, затоа што заради провизиите на нивните функционери и промашени проекти со години беше заглавен автопатот Кичево-Охрид, проект кој сега интензивно се гради откако беа отстранети сите недостатоци. Тоа државата ја чинеше прескапо.
Не е точно ниту тврдењето дека со промената на законските решенија се нарушуват работничките права.
Прво станува збор за предложени измени во Законот за работни односи кои се однесуваат само на проекти од стратешки и национален интерес. Второ станува збор за решение со кое градежните работници кои работат на ваков тип на проекти ќе добиваат надоместок од 50% повеќе за секој час работа во недела и ќе добиваат надоместок за прекувремена работа согласно Законот за работни односи и Општиот колективен договор за приватен сектор, за останатите прекувремени часови.
Трето и најважно, сето тоа ќе се случува само со претходна обезбедена писмена согласност од самиот работник.
Не се далеку времињата кога ВМРО-ДПМНЕ како владејачка партија системски ги кршеше работничките права, а македонските граѓани ги претставуваше како евтина работна сила. Тоа време заврши и нема да се врати назад.
Инвестициите во патните делници на Коридорот 8 и Коридорот 10 д се се историски најголеми инвестиции во инфраструктурата, со што конечно ќе се заокружи деценски проект важен за државата и граѓаните.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, вкупно 3000 можни стипендии
-

Скопје денеска имаше најстудено утро, локален дожд попладне и во текот на ноќта
-

Денеска е Митровден - празник посветен на Светиот великомаченик Димитриј
-

САД нудат награда до 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма
-

Одбележани 130 години од изградбата на храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје
-

Трамп бара истрага против демократите, ги обвини за „кривично дело“
-

Крвав напад во Краков: Најмалку шест загинати, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот
-

Осум српски полицајци уапсени за смртно претепување на братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ
