СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го кочи изборот на Антикорупциска комисија во Собранието и условува со предлози за ослабнување на надлежностите
Најкриминалната партија во Европа, ВМРО-ДПМНЕ, самата заглавена во корупциски скандали, го кочи изборот на нови членови на Државната комисија за спречување на корупција во Собранието.
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го условуваат носењето на Законот во Собранието со неразумни предлози, спротивни на препораките на експертите од Европската Комисија, со единствена цел да ги ослабнат надлежностите на ДКСК.
Целта на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е да нема силна, независна Комисија за спречување на корупцијата односно да нема вистинска контрола над корупцијата којашто токму тие ја распространија до невидени размери.
Едно од барањата на ВМРО-ДПМНЕ е ДКСК да нема директен увид во сметките на функционерите туку тоа да се прави преку УЈП.
Овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ ја намалува независноста на ДКСК затоа што Управата за јавни приходи е институција којашто е дел од извршната власт.
Не може институција дел од извршната власт подобро да ги контролира избраните функционери од независна институција како што со новите законски решенија е предвидена да биде ДКСК.
Исто така, ВМРО-ДПМНЕ бара ДКСК да не врши контрола на финансирањето на политичките партии, што е целосно неразумно и најдобро ги покажува намерите на оваа партија.
Јавноста знае, токму ВМРО-ДПМНЕ е партијата за чие финансиско работење односно сомнителен начин на финансирање и отворени сомнежи за перење пари е отворен случај од страна на СЈО.
Финансирањето на политичките партии мора да биде под целосна контрола на ДКСК за да нема било какви сомнежи.
Барањето на ВМРО-ДПМНЕ да не може било кој граѓанин да поднесе пријави во делот на финансирањето е уште едно барање на опозициската партија целосно спротивно со препораките на експертите од ЕК.
Со цел да ја разводнат и ослабнат позицијата на ДКСК, ВМРО-ДПМНЕ предлага формирање на некаков Национален совет. Зад ова барање се крие обид за разводнување на ингеренциите на ДКСК и да се ослабе најсилната независна институција за борба против корупцијата.
ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да го кочи процесот за избор на вистинска, професионална и независна Државна комисија за спречување на корупцијата.
Ново на Сител
-

Кремљ ги отфрли шпекулациите за раздор меѓу Путин и Лавров
-

Српско МВР: Приведени неколку луѓе во врска со случајот „уфрлени снајперисти“
-

Зеленски: Орбан нема да го запре движењето на Украина кон ЕУ, исто како што Русија не успеа
-

Ѓоковиќ прв финалист во Атина
-

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи
-

Цената на преспанското јаболко со Цветан Трипуновски | Неформално | Sitel Podcast 122
-

Полициски службеник ја заменил урината на својот приведен син, кривична за техничар кој му овозможил пристап до доказите
-

Триесет дневен притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата, за едно лице одреден куќен притвор

