СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против 200 милиони денари да завршат кај земјоделците
Научена само на земање, ВМРО-ДПМНЕ е против мерката „Зелена нафта“ со која 200 милиони денари завршуваат кај земјоделците
11 години ВМРО-ДПМНЕ не само што не покажа никаква грижа за земјоделците, туку постојано ги малтретираше, уценуваше и манипулираше, а денес се против тоа повеќе пари да завршуваат во земјоделските семејства.
ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што парите не завршуваат во белиот дворец, туку се враќаат назад кај граѓаните.
Во ВМРО-ДПМНЕ знаат само за земање од граѓаните. Затоа опозициската партија е против мерката „зелена нафта“, затоа е против секоја мерка што обезбедува повеќе пари кај граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ може само да гледа и да учи што значи вистинска грижа за земјоделците и земјоделството, затоа што успешноста на земјоделските политики на Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство даваат реални резултати и се во интерес на земјоделците и развојот на земјоделството.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес