Македонија
13. September 2021 - 18:28

СДСМ: ВМРО ДПМНЕ да следат со внимание и да научат Устав

Да не го знаеш Уставот, да не ги знаеш законите и да политизираш национална трагедија, покажува колку ВМРО ДПМНЕ е очајно и по секоја цена сака да профитира на сметка на трагедијата.

Чекор по чекор со засилено темпо, ВМРО ДПМНЕ ја покажува својата нервоза, затоа што сите обиди за политизација на несреќи и партиски да се профитира од нив им пропаднаа. 

ВМРО ДПМНЕ и овојпат само уште повеќе ја докажува својата деструктивност, безидејност и празнина. 

Надлежните институции се целосно посветени на расчистување на случајот. Независна, професионална, темелна истрага ќе ги даде сите одговори.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ