СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи политики за покачување на платите
СДСМ во пишана реакција на пресот на Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ, информира дека новата Влада пред се ќе работи во интерес на граѓаните и ќе ги поправи економските штети.
- Новата Влада предводена од СДСМ посветено и напорно ќе работи на исполнување на зацртаните цели кои ќе овозможат минимална од 12.000 до крајот на годината и 16.000 денари до крајот на мандатот. Крајната цел е просечна плата од 30.000 денари, се наведува во реакцијата на СДСМ.
СДСМ во реакцијата ја повикува ВМРО-ДПМНЕ ако навистина мисли на граѓаните, да го поддржи спроведувањето на новите ефикасни економски политики со кои ќе овозможат покачување на минималната плата на 12.000 денари за сите работници до крајот на буџетската година.
- ВМРО-ДПМНЕ имаше цели 11 години да работи на подобрување на животниот стандард на граѓаните, но тие одлучија да ги осиромашуваат граѓаните, оставајќи 500.000 граѓани да живеат под прагот на сиромаштија. Резулатот на ваквите промашени економски политики беа поразителни, над 180.000 граѓани преживуваа со само 40 денари на ден, додека 626.312 се иселија од државата во потрага по работа и достоинствени услови за живот, стои во реакцијата на СДСМ.
Ново на Сител
-
Мицкоски бара нонпејперот на ЕУ да важи за целиот процес на преговори
-
Не сакаме српско сценарио со Универзална сала
-
Има перфектни но и слаби директори на ЈЗУ
-
Новогодишната кошница порасна на над илјада производи, пазарните инспектори прават контроли
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР поднесе кривична против Ковачевски, Груби и Бајрами за Лотарија
-
Разбиена криминалната група „Беланоца“, вршеле убиства за суми до 250 000 евра
-
Недостапен е сведокот кој ги поврзал убиствата на Вања и Панче