СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ блокира и опструира се што е во интерес на граѓаните и државата
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со блокади и опструкции на важни законски решенија, на директна штета на граѓаните и на државата.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Собранието не се откажува од блокада на Законот со кој државата за прв пат ќе добие нов, модерен Клинички центар.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ цврсто стојат против секоја можност за унапредување на здравствениот систем, против здравствените работници, против подобри здравствени услуги за граѓаните.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се и против наставниците и стручните работници.
Се противат над 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование да добијат вработување на неопределено време, да добијат правна и економска сигурност.
ВМРО-ДПМНЕ се против припадниците на Армијата.
Се противат војниците да добиваат отпремнина и до 20.000 евра и да имаат поволности при пензионирање. Се противат и на стипендирање на дефицитарните кадри и натамошно јакнење на капацитетите на одбраната.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се против здравствените работници, против наставниците, против образованието, против припадниците на Армијата, против сите граѓани во државата.
Се што е во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ го кочи, опструира и блокира.
Затоа се во опозиција, затоа ги очекува нов пораз од граѓаните на локалните избори наесен.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива