СДСМ: Вложуваме во човечки капитал, медицинските лица кои инвестирале во своето образование по 2015 добиваат повисоки плати од септември
Владата предводена од СДСМ, надлежното министерство остануваат целосно посветени на вложување во човечкиот капитал во здравството.
Од септември, на медицинските сестри и техничарите ќе им биде платена инвестицијата во високото образование, кои од 2015 година не се во можност да го валоризираат преку својата плата.
На овој начин ја исправаме неправдата кон овие медицински лица. Поточно, во 2015 направен е пресек, и била донесена одлука да се платат само специјализациите од високите школи на оние кои завршиле дотогаш, односно се стекнале со образование од 180, односно 240 кредити.
Сите други медицински сестри и техничари кои инвестирале во своето образование од 2015 па наваму, немаа можност да си го валоризираат преку својата плата.
Од овој септември и овие медицински лица ќе добијат зголемување на платите, соодветно на нивното образование.
Како одговорна партија постојано вложуваме во јавното здравство. Инвестираме во плати и надоместоци, во обнова на објекти и нивно опремување, се со единствена цел дополнително да го зголемиме степенот на мотивираност на здравствените работници кои се грижат за здравјето на сите граѓани.
Продолжуваме со реализација на мерки и проекти кои значат подобрување на условите за работа на здравствените работници и унапредување на квалитетот на јавното здравство во нашата држава.
СДСМ
Ново на Сител
-
Ветувања од власта: Поширок булевар во Чаир, чист Центар, стипендии за повредените во Кочани
-
Шукова ќе го воведе БРТ системот за поефикасен градски јавен превоз
-
Петти ден кампања во албанскиот политички блок
-
Предизборни активности на помалите партии
-
Кампања за локални избори 5. Ден: Каков градоначалник сакаат скопјани?
-
Милионски долг предизвика кавга меѓу директорот на ЈСП и приватните превозници
-
Клековски: Ако не реагираме сега, Македонија ќе се соочи со сериозен недостиг на матични лекари за 10-15 години
-
Политичарите да не ги чуваат во фиока препораките од научната фела