СДСМ: Владата предводена од СДСМ е посветена на надминување на последиците од коронакризата
Уште во првите денови од новиот мандат, Владата предводена од СДСМ е силно посветена на создавање и реализација на мерки и политики кои имаат за цел брзо надминување на економските последици од коронакризата.
Наскоро започнува реализација на четвртиот пакет економски мерки преку кои ќе им се помогне на граѓаните, работниците и компаниите.
За да се стимулира приватната потрошувачка и да се зајакне куповната моќ, платежни картички ќе им бидат доделени и на пензионерите со пензии до 15.000, пасивните баратели на работа, како и на самохраните родители.
Следуваат и стимулативни мерки за враќање на работа на лицата кои беа отпуштени за време на кризата, а продолжува и поддршката за компаниите со цел зачувување на работните места.
Владата предводена од СДСМ преку навремени и ефикасни мерки и политики успеа да ги ублажи првичните удари врз економијата. Во новиот мандат, следува градење на нова, развојна македонска економија подготвена да одговори на сите предизвици и да обезбеди шанса за сите.
Ново на Сител
-
Решен деценискиот проблем со водата за пиење во селото Сушица
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски - Кос
-
Процентот на реализација на процентот на реформи ќе биде понизок, но европските средства не се загрозени
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Голем пожар кај прилепско Бешиште, локализиран пожарот кај Визбегово - од утре забрана за движење во шуми
-
Се запали глисер кај каналот Студенчишта
-
Преглед на вестите од светот