СДСМ: Судот ќе одреди дали и кој е инволвиран во насилството за 27 април, а не Иванов
Судските постапки и доказите ќе одредат дали и кој е инволвиран во насилството за 27 април, а не Иванов
Согласно доказите и транспарентната судска постапка, надлежните судски органи ќе одредат дали и кој бил инволвиран во насилството на 27 април, а не Ѓорге Иванов.
Колку е несериозен и неодговорен Иванов покажа и денеска.
Од една страна тврди дека исказите во судската постапка за насилството од 27 април се невистинити а од друга ги потврдува, конкретно, Иванов потврди дека член од неговиот кабинет, Борис Јосифовски, бил во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ тој ден.
Иванов потврди и дека Миле Јанакиевски и Владимир Пешевски биле кај него со иницијатива поврзана со помирувањето.
Останува фактот дека Иванов е со целосно нарушен кредибилитет, со крајно неодговорна, негативна и сомнителна улога во општеството.
Иванов заговараше општа амнестија за криминалот и неказнивост, тој е срам за граѓаните и државата, неодговорен кон иднината а особено кон интеграциите, кон членството на Македонија во НАТО и ЕУ.
Ѓорѓе Иванов потроши два мандати а ниту еднаш не излезе во јавноста за некое клучно, и важно прашање за граѓаните, за државата, освен за потребите на Никола Груевски, стои во соопштението испратено од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта