СДСМ: Со измените на Законот за лекови овозможуваме вакцината против Ковид-19 да пристигне
Пратениците во Собранието вчера ги усвоија измените и дополнувањата на Законот за лековите и медицинските средства.
Со овие измени овозможуваме во исклучителни случаи и оправдани причини што се однесуваат на здравјето на пациентите, во вонредни услови, кризни состојби, во услови на епидемија или пандемија на заразна болест, односно кога се бара ставање во промет на вакцина против коронавирусот, барање за ставање во промет можат да извршат и странски производител на лекови, правен застапник, подржуница или трговско претставнишво на странски производител со регистрирано седиште надвор од државата.
Со ова создадени се условите вакцината против коронавирусот да пристигне во државата и да започнеме со имунизацијата.
Овие измени на Законот немаше да се случат ако ВМРО-ДПМНЕ додека беше на власт не го урниса здравствениот систем и принуди реномирани странски компании за лекови да се повлечат од нашиот пазар.
За потсетување, во периодот меѓу 2012 и 2015 во годините на најголем режим, неколку реномирани странски компании како АстраЗенека, Глаксо и дел од Новартис се повлекоа од нашата држава, заради паралелниот узвоз на лекови и вакцини со сомнително потекло.
Заради таквиот однос трајно се наруши угледот на државата и здравствениот систем, нешто што со сите сили се обидуваме да го поправиме, да ја вратиме довербата во македонското здравство.
Како одговорно парламентарно мнозинство остануваме посветени на ставање крај на пандемијата и надминување на сите економско здравствени последици од неа.
Сакам да потенцирам дека правилото джење физичка дистанца, носење маска и дезинфекција останува до стекнување на колективниот имунитет. Тоа што ќе започне вакцинацијата не значи дека не треба да ги почитуваме овие три правила.
Парламентарното мнозинство, Министерството за здравство и Владата на Република Македонија остануваат определени во заштита на здравјето и животот на нашите сограѓани како највисок приоритет во оваа држава.
Ново на Сител
-
Бројот на настрадани во поплавите во Шпанија се искачи на 224, најмногу жртви во Валенсија
-
Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски
-
Претседателот на Реал не е задоволен од Мбапе
-
Не ми требаат скапи работи и Мерцедеси | Бомбакис | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 070
-
Фернандеш: Аморим ја врати возбудата во Манчестер Јунајтед
-
Ристовски ја најави првата поголема капитална инвестиција во спортската инфраструктура
-
Раниери се врати во Рома
-
Шефот на бразилската полиција: Нападот бил насочен кон судијата Алехандре Де Мораес