СДСМ: Со изградбата на коридорите 8 и 10 најмалку 600 милиони евра за домашните комапнии
Караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ денеска беше со граѓаните на скопските општини Центар и Сарај.
Членот на ЦО на СДСМ Благој Бочварски, заедно со Пламенка Бојчевска со граѓаните на општина Центар разговараа за инвестициите на Владата предводена од СДСМ во инфраструктурата.
Преку инвестициите во модерни патишта го подобруваме квалитетот на животот на граѓаните. Владата на СДСМ како ниту една претходно, инвестира во инфраструктурата во секој дел од државата. За само шест години реализиравме над 1.400 километри патишта, истакна Бочварски, додавајќи дека започна со реализација најголемиот, најважен и највреден проект во инфраструктурата во историјата на државата.
Преземавме обврска пред граѓаните, Македонија мора и ќе биде подобро место за живеење и главна крстосница на Балканот. По 30 години зборување конечно започнаа да се градат коридорите 8 и 10 Д. Покрај зголемената безбедност и подоброто поврзување, изградбата на коридорите носи економски придобивки. Државата ќе ја поврзе со пристаништата во Драч и Буграс, а самата изградба ќе донесе најамалку 600 милиони евра за домашните комапнии, нови 8.000 работни места, како и раст од 2 отсто годишно на БДП во наредните пет години, истакна Бочварски.
Бочварски нагласи и дека централната власт дава силна поддршка на општините, за проекти кои директно ги подобруваат условите за живот на граѓаните.
Во рамките на теренските активности на СДСМ „Рамо до рамо до победа“ Маја Манолева денеска оствари средби со граѓаните на општина Сарај.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
