СДСМ: Со дневната евтина тарифа исполнето ветувањето дадено пред граѓаните
СДСМ во денешното соопштение наведува дека е исполнето уште едно ветување дадено пред граѓаните и оти со враќањето на дневната евтина тарифа на струјата ќе се намалат трошоците за живот.
- За разлика од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ којашто ја укина евтината дневна тарифа на струјата и ги осиромаши граѓаните, Владата предводена од СДСМ го исполни ветувањето кон граѓаните и ја врати евтината дневна тарифа на струјата. Со стартувањето на оваа мерка ќе се намалат трошиците за живот бидејќи граѓаните ќе имаат можност да генерираат заштеди на сметките што ги плаќаат за струја, пишува СДСМ.
Партијата нагласува дека дадените ветувања и зацртаните реформи се реализираат и оти парите се враќаат кон граѓаните. - Владата предводена од СДСМ води грижа за животните потреби на граѓаните и го подобрува животниот стандард овозможувајќи повеќе пари да останат во нивните семејни буџети, вели СДСМ во соопштението.
Ново на Сител
-
За 15 отсто намален бројот на првачиња во Дебар
-
Мицкоски: Ќе сториме се што е во наша моќ за да ги почнеме преговорите со ЕУ, но тоа нема да го направиме како „модерни“ Македонци
-
Германската полиција застрела вооружен маж
-
Министерот Трипуновски очекува да се намали увозот на храна
-
Истражување: Јадењето инсекти неприфатливо за над 80 отсто од луѓето
-
Забрана за тешки товарни возила од 1 јули до 31 август
-
Косово го забрани увозот на овци и кози од Македонија
-
ФК Силекс и Општина Кратово организираат заедничко гледање на натпреварот со Дечиќ