Истражување: Јадењето инсекти неприфатливо за над 80 отсто од луѓето
Неодамнешните напори да се охрабрат луѓето да јадат инсекти се осудени на пропаст поради преголемото јавно незадоволство од идејата, што го чини малку веројатно тоа дека инсектите ќе им помогнат на луѓето да се откажат од еколошки деструктивната навика за јадење месо. Тоа го потврдуваат и новите научни испитувања. Написот е објавен во списанието „Нејчр“ за одржливо земјоделство (‘Nature npj Sustainable Agriculture’).
Одгледувањето и јадењето инсекти последниве години се поттикнува како поодржлива опција наместо навиката на јадење месо, поради огромното влијание на масовното сточарство врз животната средина. Тоа, имено, е водечки двигател и на уништувањето на шумите, повеќе од половина од глобалното загадување на водата и може да предизвика над една третина од сите испуштања на дозволени стакленички гасови. Тоа се гледа, всушност, како мерка за светот да избегне катастрофални климатски промени, се вели во истражувањето.
И покрај ова, и онака многу „бледите“ потфати за одгледување и јадење инсекти, како што се штурци, скакулци и мравки, е малку веројатно да дадат резултат, бидејќи луѓето, особено во западните земји, сè уште се спротивставуваат на нивното јадење.
Имено, јавните испитувања во САД и Европа покажуваат дека додека 91 насто од испитаниците би биле подготвени да пробаат „алтернативно месо“ на растителна основа, но само околу 20 отсто би размислиле за јадење инсекти. Покрај културниот фактор на „гадење“, трудот вели дека постојат и економски бариери, при што повеќето компании, со исклучок на неколку нови компании за протеински производи, избираат да се насочаат на одгледување инсекти, и тоа пред сѐ – за исхрана на животни, а дури потоа за луѓето.
„Со оглед на овие предизвици, тешко е да се види како храната заснована на инсекти би можела значајно да ги замени традиционалните опции за месо“, се вели во трудот.
Дополнително, и покрај тоа што многу луѓе изразуваат желба да јадат одржливо одгледувана храна, релативно малкумина во западните земји го прифаќаат вегетаријанството и веганизмот. Во меѓувреме, се очекува глобалната потрошувачка на месо да се зголеми наредните десетлетија, поради растечката побарувачка од новозбогатените земји – како Кина, што ќе предизвика дополнителен притисок врз копното, водните патишта и климата.
– Имаме ограничени ресурси и треба да ги насочиме на најперспективните алтернативи. Се покажува дека одгледуваните инсекти постојано имаат најнизок резултат од сите замени за месо, а вистинскиот пазар за нив е неверојатно мал, дури и на места каде што има традиција на јадење инсекти, рече Дастин Крамет, соавтор на трудот.
Крамет, кој е и извршен директор на Институтот за инсекти при Универзитетот на Вашингтон – Такома во САД, смета дека иако има напори да се стават инсекти во производи како што се грицки и леб, тие не се преработуваат во производи коишто вистински би ја истиснале потрошувачката на месо.
– Сите оние разговори за јадење инсекти не направија голема разлика. Луѓето сè уште имаат силна одбивност кон инсектите, а за тоа нема ниту културна историја. Менувањето на долгогодишните готвачки традиции и длабоко вкоренетите нагони на одвратност е тешко да се направи од горе надолу. Да беше така лесно, повеќе луѓе би јаделе и храна на растителна основа додаде професорот.
Покрај тоа, и малку влади ширум светот презедоа посериозни чекори за ограничување на потрошувачката на месо, и покрај нејзиното влијание врз животната средина – плашејќи се од политичка реакција. Меѓу нив, Данска понуди можно решение за тоа. Планот за намалување на потрошувачката на месо и зголемување на понудата на храна од растително потекло беше претставен во 2023 година, наведува порталот „Кликс“.
– Храната од растително потекло е иднината. Ако сакаме да го намалиме климатскиот притисок на земјоделскиот сектор, тогаш сите треба да јадеме повеќе храна од растително потекло, рече тогашниот дански министер за храна, земјоделство и рибарство, Јакоб Јенсен.
Крамет рече дека данскиот план е добра почетна точка за создавање можен избор наместо „голата надеж“ дека луѓето ќе почнат да јадат инсекти.
Ново на Сител
-
Мбапе го тужи Пари Сен Жермен за психолошко малтретирање
-
Нетанјаху поради Иран и Газа бара одложување на рочиштето во процесот за корупција
-
Историска мисија: Астронаути од Индија, Унгарија и Полска првпат на МВС
-
Исплатени 265.720.530 денари субвенции кон 4 659 земјоделци, инвестиции од 16.041.565 во сточарството
-
Старица пријавила измама од 30 илјади евра од лице кое се претставувало како лекар
-
Мицкоски: По седум години застој градиме интерконектор за гас со Грција
-
Голем пожар во југоисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина
-
Стефановски го собори македонскиот рекорд во скок со стап, стар 57 години