СДСМ: Скопје е пример како владее ВМРО-ДПМНЕ, хаос во секоја општина
Хаосот што му се случува на Град Скопје е само пример како ВМРО-ДПМНЕ владее со секоја општина.
Хаос, самоволие и нефункционалност се случува речиси во секоја општина каде ВМРО-ДПМНЕ ја има локалната власт.
Наместо решенија, наместо реализација на проекти, во општините раководени од градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се случува партизација, зголемување на цените на услугите, злоупотреба на службената положба и расипничко трошење на парите на граѓаните.
Во општина Штип градоначалникот Иван Јорданов и мнозинството во Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го зголемија данокот на промет на недвижности од три на четири отсто, откако претходно го поскапеа такси превозот и трошокот за ѓубретарина.
Во Ѓорче Петров, во ек на најголема економска криза, градоначалникот ќе потроши 100.000 евра за опремување на нова општинска зграда.
Во Битола и Прилеп возила од јавни претпријатија се злоупотребуваат за одење по свадби, но и за приватни патувања во и надвор од државата.
Во Прилеп е зголемена цената на јавниот превоз, на паркингот и на комуналните услуги, како и цените за фирмарина и поставување урбана опрема, а зголемени цени на комуналните услуги има и во Радовиш и Виница, но и во неколку други помали општини.
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се симбол за неработење, за расипничко трошење на народните пари.
Поради нивната неспособност, општините се во стагнација а граѓаните во време на криза се изложени на зголемени трошоци.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-

„Марш на ангелите“ оваа сабота се одржа во Виница
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, Коалиција „Сите за правично судење“
-

Вонредна седница на Владата: Продолжени се мерките за цените на горивата
-

По повеќе од три децении започна пробивање и доизградба на булеварот „Борис Трајковски“
-

Миро Кацаров в.д. директор на Универзална сала, следната недела ќе биде распишан повик за ново раководство
-

Партиски препукувања за сторени злоупотреби и криминални шеми
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството не го видело извештајот на ДЗР?
-

Ракот на кожа не бира возраст - превенција и рано откривање порачуваат дерматолозите
