СДСМ: Скандалозна одлуказа отфрлање на кривичната за Христовски – ОЈО е партиски инструмент на ВМРО-ДПМНЕ
Со одлуката за отфрлање на кривичната пријава против директорот на АНБ, Бојан Христовски, Јавното обвинителство се претвора во пртиски инструмент на ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата остро реагира на вчерашната одлука на Јавното обвинителство. За портпаролката на СДСМ, Кузеска спорно е што ОЈО не искомуницирала директно со институцијата која ги издава ТОЕФЛ сертификатите.
-Зошто Обвинителството не побарало официјален одговор директно од ETS – Educational Testing Service, институцијата што ги издава ТОЕФЛ сертификатите? Зошто не е постапено исто како со двете директорки на училишта и директорката на болница во Дебар, кои беа гонети и осудени токму за користење лажни ТОЕФЛ сертификати од истото место како Христовски? Има судски пресуди за кои одговорите се обезбедени директно од ETS и тоа за само неколку денови, вели Кузеска.
Но одлуката на Јавното обвинителство за Владата и за владејачката ВМРО-ДПМНЕ исправна. Портпаролката на Владата вели дека СДСМ лиферува лажни вести со цел да го дискредитира Христовски.
-Дури, би кажала, вакво судство и обвинителство кое е составено од кадрите коишто тие ги оставија не може да ја сокрие вистината, односно вистината денеска излегува на виделина, а тоа е дека не постојат лажни сертификати по однос на овие изнесени ставови од страна на СДСМ, вели Митева.
И ВМРО-ДПМНЕ е на ставот дека опозицијата е фабрика за лажни вести. Според партијата, СДСМ не биле навикнати нивните обвинители и судии да ја кријат вистината на сите можни начини.
-Многу е јасно, обвинителството ја отфрли пријавата за директорот на АНБ, Бојан Христовски. Со оваа одлука на обвинителство вистината излезе на виделина. Сите лаги на СДС паднаа во вода, велат оттаму.
Истрагата за сертификатот за ТОЕФЛ на Христовски не е единствениот предмет за наводи за фалсификат кој ги тресе безбедносните служби. Антикорупциска ја проверува и магистерската на првиот човек на Бирото за јавна безбедност.
Истражува дали тој магистрирал пред да ја преземе функцијата или потоа со оглед на тоа што опозицијата обвинува дека не постои јавно достапен податок за датумот на неговото полагање.
-Не би сакал да влегувам во деталите. И не би сакал да влијаам на целата постапка, знам дека има постапка во ДКСК, подолго време е предметот. Се работи на тоа и ги оставам службите да си ја завршат својата работа, а се надевам дека на крајот на денот дека тие што изнесуваат невистини и лаги ќе имаат доблест да се извинат, вели Јанев.
Судот веќе има донесено неколку пресуди за лажни серитификати ТОЕФЛ за познавање на англиски јазик добиени токму од Јулија Ко – школото за странски јазици во Пловдив, Бугарија од каде Христовски го стекнал сертификатот.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар