СДСМ: Референдумот на Мицкоски е против македонски јазик во ЕУ и на штета на идентитетот
Иницијативата за референдум на Христијан Мицкоски е против македонскиот јазик, прави штета на идентитетот, насочена е директно против евроинтеграцијата на државата. Сите официјални институции на Унијата потврдија дека процесот на преговори за членство го водиме како Македонци со заштитен македонски идентитет, со чиста формулација на македонскиот јазик, велат од СДСМ.
Оттаму посочуваат дека Мицкоски по секоја цена дејствува антиевропски и на штета на државните и националните интереси, „без било какво чувство за државност, своите политики ги води според личните потреби и интереси“.
-Мицкоски со референдумот има за цел да си ја спаси разнишаната фотелја во Белиот дворец, бидејќи и истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ не се сложуваат со него.Со иницијативата за референдум, со активните и пасивните блокади Мицкоски сака да го попречи нормалното функционирање на државата, во време на економска и енергетска криза, работи на штета на граѓаните и на компаниите.Но граѓаните го прочитаа, доста им е од деструктивните и ретроградните политики на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ, што јасно им го порачаа на вонредните локалните избори.Мицкоски останува изолиран, а неговите деструкции повторно ќе бидат поразени, посочуваат од владејачката партија.
Центар за комуникација со јавност СДСМ
Ново на Сител
-
Андоновска: Четворица вработени од Зоолошката градина ќе бидат ставени под здравствен надзор, а еден од нив утре ќе биде тестиран за птичји грип
-
Утре нова промена на цените на горивата
-
За неколку минути од Либан лансирани приближно 70 проектили кон Израел
-
Третпат снема струја на Куба
-
АХВ: ЗОО Скопје иако детектирало угинато животно, не постапила по законски процедури
-
Тешка сообраќајна несреќа во Охрид: Младо момче тешко повредено
-
На ГП Деве Баир лишен од слобода турски државјанин, покажал две фалсификувани зелени карти
-
Прекинато водоснабдување во делови на Центар