Македонија
9. December 2021 - 11:30

СДСМ: Растот на БДП од 3% и растот на извозот од 29% се доказ дека македонската економија е стабилна

Бројни показатели потврдуваат дека, македонската економија е стабилна и е подготвена за справување со сите глобални предизвици што претстојат.

Потврда за тоа е и растот на БДП во третото тромесечје од 3 отсто.
 
Покрај Бруто домашниот производ, расте и извозот кој во првите 10 месеци од годинава е зголемен за 29 отсто во однос на минатата година.
 
Ова се показатели дека Владата предводена од СДСМ, институциите, преземаат соодветни и ефикасни економски мерки и политики.
 
Дополнително, Народната банка официјално потврди дека денарот е стабилен и дека граѓаните не треба да се вознемируваат од информациите кои тенденциозно се појавија на одредени медиуми.
 
СДСМ како одговорна, социјалдемократска партија во континуитет презема мерки што значат вистинска грижа за граѓаните и заштита на нивниот економски стандард.
 
Во таа насока е и Одлуката на Владата за замрзнување на цените на основните продукти до 31 јануари 2022 година, кои нема да смеат да бидат повисоки од цените кои биле на први декември оваа година.
 
И во следната 2022 година, ќе продолжи растот на платите и на пензиите.
 
Веќе од јануари, минималната плата ќе изнесува 18.000 денари, а со новата методологија за законско усогласување, пензиите двапати во годината ќе растат помеѓу 400 и 600 денари, во зависност од висината на конкретната пензија.
 
Буџетот е ликвиден, државата има доволно пари за помош на граѓаните и компаниите за надминување на претстојните предизвици.
 
Имајќи ги предвид предизвиците со цената на струјата, ќе следува субвенционирање на трошоците за електрична енергија за ранливите категории граѓани и семејства.
 
Сето ова е во насока на зајакнување на економскиот стандард на граѓаните во време кога целиот свет се соочува со енергетска и економска криза.
 
Како одговорна партија, продолжуваме да обезбедуваме повеќе пари кај секој граѓанин, во секое семејство, продолжуваме да се водиме од интересите на граѓаните.