СДСМ: Продолжува силната поддршка на македонското стопанство, 5,9 милиони евра бескаматни кредити за 506 компании

Владата предводена од СДСМ во новата 2021 година преку одговорен, отчетен и инклузивен пристап, реализира политики што обезбедуваат економски раст, поконкурентна економија и подобар животен стандард за сите. Во тек е процесот на креирање на петтиот пакет економски мерки со кој поддршката за домашната економија ќе продолжи уште повеќе и уште подобро.
Преку четири пакети антикризни мерки во домашната економија вбризгавме над една милијарда евра, спасивме стотици илјади работни места, помогнавме илјадници компании.
Дел од овие мерки е и КОВИД 3 бескаматната линија наменета за микро и мали трговски друштва, односно за трговци-поединци и занаетчии, со која 5,9 милиони евра завршуваат кај 506 компании кои вработуваат 3.552 лица.
Оваа година ќе биде година на економски раст, со силна поддршка за македонското стопанство, со цел брзо надминување на негативните последици од коронавирусот.
СДСМ како одговорна партија продолжува со грижата за сите граѓани, за сите компании.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-

Видео снимки од „ПИ“ мерки на судењето за поткуп во Клиниката за геријатрија
-

Заврши 72-часовната генералка на Скопје
-

Јаневска побара превод од Касами, од Вреди реагираат дека требало да знае албански
-

Димитров: Комисија за историски прашања е алиби за комплицираните односи меѓу Бугарија и Македонија
-

31 питомци и 28 слушатели на курсот за офицери дадоа свечена заклетва
-

Мајка го претепала 6-месечното бебе кое е хоспитализирано на Детска клиника
-

Мечка нападна човек во Долнени
-

Преглед на вестите од светот
