СДСМ презентираше „План за живот во Македонија“
Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска го промовираше „Планот за живот во Македонија“, кој, како што рече, ќе биде презентиран пред граѓаните.
- Повисоки плати за сите, пристојна работа за сите, институции на граѓаните, власт под контрола на вас граѓаните, правда, живот за сите. Ете поради овие толку посакувани промени, го создадовме овој План за живот во Македонија. Ова е план за едно општество за сите, Македонија за сите, рече Заев.
Тој додаде дека планот мора да биде одобрен од граѓаните и затоа ги повика активно да се вклучат.
- За ваква реформа мора да имаме договор, бидејќи ние се одлучивме за Сојуз со вас граѓаните. Затоа, очекувајте ги огромниот број млади луѓе кои ќе ви пристапат, зборувајте со нив за квалитетот на живот што ќе се случи. Повеќе пари во секој семеен буџет, нови работни места, шанси – шанси за младите за живот во Македонија, рече Заев во обраќањето до граѓаните
Ново на Сител
-
СИЕПС: Приемот на нови членки ќе го промени односот на силите во ЕУ
-
Мицкоски: Славата и делото на Гоце Делчев продолжуваат да живеат
-
И месарниците под лупа на инспекторите на АХВ
-
Четириесет и пет години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Почнува одбележувањето на Денот на Европа - 9 мај
-
Зеленски: Украина е подготвена да премине кон прекин на огнот што е можно поскоро доколку Русија преземе слични чекори
-
Најавените врнежи добредојдени за земјоделството
-
Ракометарките на Ѓорче Петров ја одбранија шампионската титула