Македонија
19. October 2016 - 14:17

СДСМ предлага промени во работата на администрацијата

Опозициската СДСМ предлага промени во работата на институциите и администрацијата, со цел, според потпретседателката на партијата Радмила Шекеринска, да се овозможат квалитетни, ефикасни и достапни јавни услуги.

Според Шекеринска, граѓаните се жалеле на тешкотии при завршување обврски низ државните институции и доаѓање до информации, како и дека има мал број шалтери, а се зголемувале трошоците.

- Имаме план секоја институција во која граѓаните ги остваруваат своите права да работи во две смени и да овозможи услуги за граѓаните до 20 часот секој работен ден, рече Шекеринска.

Планираат, како што рече, и укинување на непотребни документи,  а за секоја постапка којашто се води во државната администрација во рок од шест мецеси да бидат објавени сите документи што се потребни, колку трае и колку чини.