СДСМ: Правдата се врати во Македонија, законите важат за сите подеднакво
ВМРО-ДПМНЕ може да ги врати само парите што ги украде, правдата е одамна вратена
ВМРО-ДПМНЕ може да ги врати и ќе ги врати единствено милијардите евра што ги украде од граѓаните за време на 11 годишниот грабеж што го правеше врз државата, правдата и неселективното владеење на правото се одамна вратени.
Нема поголема иронија од тоа ВМРО-ДПМНЕ најкриминалната партија во историјата на Македонија, партијата симбол на грабеж, корупција и неправда да бара правда и владеење на правото.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ воопшто да не се грижи, правдата е вратена, одговараат сите што го прекршиле законот, а парите се враќаат назад во Буџетот. Доказ за тоа е пресудата против поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, како и пресудата против бизнис партнерот на Груевски, Сеад Кочан кој ќе врати незаконски стекнати 17 милиони евра назад во Буџетот.
Правдата се врати во Македонија и ќе ги стигне сите кои се огрешиле пред законите. Амнестија за сторениот криминал нема да има за никого. Нема повеќе заштита на криминалот, нема повеќе пљачкања под превезот на лажен патриотизам. ВМРО-ДПМНЕ и криминалните групи околу него треба да знаат дека освен одговорност, секој денар украден од граѓаните ќе биде вратен назад во Буџетот.
Колку и тоа да не му се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ, денес законите важат за сите подеднакво и секој кој постапувал незаконски се соочува со одговорноста.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари