-->
-->
СДСМ: Пратеникот Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ одбра шетање до Египет наместо интересите на граѓаните
-->
Комисијата за финансирање и буџет не одржува седница на која треба да се расправа за ребалансот на Буџетот за 2022 година.
Причина за тоа е отсуството на претседалот на оваа комисија, пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ кој деновиве е во посета на Египет.
Наместо интересите на граѓаните, наместо побрзо усвојување на ребалансот, Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ одбра шетање во Египет.
Толку од грижата на ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните, оваа партија уште еднаш покажа дека единствено се грижи за лични и партиски интереси.
Ребалансот на Буџетот е важен за да продолжи помошта кон граѓаните и стопанството, важен за растот на платите и пензиите, но и за повеќе инвестиции во капитални проекти.
Тој треба да биде усвоен што побрзо, за што побрзо парите да стигнат кај граѓаните, но тоа очигледно воопшто не му е важно на Стојановски и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ.
Центар за комуникации со јавноста
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шукова: Старата чаршија ќе заживее
-
Загрижувачки тренд на пораст на бројот на пацинетки со карцином на дојка
-
Преглед на вестите од светот
-
Митинг на коалицијата на СДСМ во Кавадарци
-
Митинг на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар
-
Активности на помалите партии и независински кандидати
-
Тема на денот со Златко Кузманов, д-р по безбедност и претседател на Центарот за Интегрирана безбедност
-
Пациентите со дијабетес бараат редовни офталмолошки скрининзи за ретинопатија за да спречат слепило