СДСМ: Платите растат во сите сектори и за време на криза
Со СДСМ, дури и во најголема светска економска криза, платите растат постојано, во сите сектори.
СДСМ го исполни едно од најважните изборни ветувања – просечна плата од 30.000 денари.
Минималната плата веќе ја зголемивме на 18.000 денари, што е двојно повеќе во однос на времето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 8.800 денари.
Постигнавме договор за историско зголемување на платите во образованието во висина од 15 отсто, од септември оваа година, односно зголемување во просек од над 3.500 денари. За потсетување, во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, платите во образованието се зголемија за едвај 4 отсто.
Покрај образованието, со растот на минималната плата, согласно Законот за минимална плата следува усогласување и соодветен раст на платите во сите сектори, како што тоа беше случај изминатите години кога постојано растеа платите во здравствтово, дестската заштита, полицијата, одбраната, културата.
Со новата договорена методологија обезбедуваме континуиран раст на пензиите во просек по 900 денари, што е рекордно зголемување на пензиите во историјата на Северна Македонија.
Сите овие реални, видливи резултати ја потврдуваат успешноста на економските политики на СДСМ.
И во време на најголема криза, СДСМ како одговорна партија ги исполнува дадените ветувања и продолжува да го заштитува стандардот на граѓаните.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Трамп избран за 47-от претседател на САД
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Избегната трагедија во Чемерско - Сите станари од домот евакуирани
-
Дефект на магистрален вод го остави речиси пола Скопје без парно – Проблемот е решен
-
Прикажани снимките од движењата на возилата со кои е грабната Вања
-
Обинителството истражува дали трето лице помагало на Груби и Беџети во случајот за кој се најдоа на црната листа
-
Раде Трајковски-Штекли и уште осум лица од неговата група добија 30 дневен притвор за продажба на дрога
-
Откако Силјановска ги врати, лиценците на негователките утре повторно на седница