СДСМ: Новата Влада ќе обезбеди реален пад на невработеноста
СДСМ попладнево преку соопштение посочи дека економските политики на новата реформска Влада предводена од СДСМ ќе придонесат кон заздравување на уништената економија, а како резулатот на тоа ќе има нови реални работни места и повисоки плати.
- Резултатот на ВМРО-ДПМНЕ од спроведувањето промашени економски политики цели 11 години се 500.000 граѓани кои живеат под прагот на сиромаштија и 626.312 исселени граѓани од државата. Завршува времето кога ВМРО-ДПМНЕ преку бришење на невработените од евиденција, нарачани бројки од контролирани институции, иселувањето на младото работоспособно население можеше да прикажува фиктивно намалување на невработеноста, се наведува во соопштението како реакција на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според СДСМ, нелогично е намалување на невработеноста во првото тримесечје оваа година во услови кога економијата стагнира поради, како што наведуваат, блокадите и опструкциите што ВМРО-ДПМНЕ ги правеше во обид да го спречи формирање на новата Влада.
- Новата Влада ќе обезбеди реален пад на невработеноста и ќе ги поправи економските штети што ги направија Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во реакцијата на СДСМ.
Ново на Сител
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“
-
Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии
-
Заматена водата за пиење во Кавадарци
-
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност