СДСМ: Невработеноста на младите за една година е намалена за 10 отсто
Стапката на невработеност на младите лица во земјава, која во времето на ВМРО- ДПМНЕ изнесуваше 50 насто, сега за една година е намалена за 10 проценти.
Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, стапката на невработеност на младите е намалена на 35,3 проценти во третиот квартал од оваа година во однос на истиот период во 2018 година, што се должи на активните економски политики на СДСМ насочени пред се за младите.
Во истиот период стапката на вработеност бележи раст и работа нашле 10 илјади млади лица, односно бројот на невработени во старосната група од 15 до 24 години од 38.650, се намалил на 28.740.
Стапката на невработеност кај младата популација во земјата во 2015 година изнесуваше 47,3 насто, а во 2016 – 48,2 проценти, што се должи на промашените економски политики на ВМРО-ДПМНЕ, предводено од бегалецот од правдата Никола Груевски.
СДСМ со своите економски политики за подобрување на бизнис климата во земјата и политиките за поддршка на вработувањето обезбедува отворање на нови работни места, пред се за младите, што го потрдуваат и официјалните податоци и наместо апатија и безизлезност на младите им нуди светла перспектива.
Ново на Сител
-
Премиерот Мицкоски и министерот за спорт Ристовски им посакаа среќа на македонските ракометари на СП
-
Намалена видливост поради магла на патот Гајре - Попова Шапка
-
Mојата душа е постара од мене | Ивона Јо | ПРОфесија | Sitel Podcast 077
-
27 годишна девојка паднала од зграда во Скопје и починала
-
Три жени се тепале во скопски Аеродром
-
Фризурата не им се допаѓала на класната и на директорката па ученик плачејќи сам си ја скратил, утврдена дискриминација во Миравци
-
Полицаец, дете и жена пренесени на клиника по пожар во куќа во Скопје
-
Бајден ќе го одликува Меси со претседателскиот Медал на слободата