СДСМ: Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска ги остави скопјани првпат без јавен превоз
Медарите од ВМРО-ДПМНЕ и нивната некогаш најдобра градоначалничка уште еднаш на дело ја покажаа својата неспособност и заедно го заглавија Јавното сообраќајно претпријатие во долгови.
Иако од буџетот на Град Скопје оваа година за ЈСП се наменети 8,6 милиони евра, долгот на ЈСП е драстично зголемен. Направен е долг од 1 милион евра за една година.
Дали шпицниот градоначалник Мицкоски и неговата некогашна штитеничка Арсовска ги ставиле рацете во медот и во ЈСП?
Јавно да одговорат дали во изминатава година е потпишан анекс договор, без никаква спроведена постапка на договорот за снабдување со нафтени деривати со кој секој литар гориво е поскап за 5,6 денари?
Зафатени со тендери и провизии заборавија на граѓаните и вработените во јавните претпријатија.
Пред една година Мицкоски и Арсовска заедно на скопјани им ветуваа бесплатен јавен превоз, а сега јавниот превоз воопшто го нема, ЈСП е во колапс.
Џабе се обидуваат да ја префрлат вината врз Владата. Долг на Владата во ЈСП нема.
Токму нивната неспособност е причина за катаклизмата во ЈСП и хаосот со јавниот превоз.
Тоа е единствена причина зошто вработените во ЈСП немаат земено плата. Тоа е причина зошто штрајкуваат возачите, а граѓаните не можат да користат јавен превоз, за своите секојдневни обврски, да одат на работа, на факултет, на училиште, на лекар, на пазар..
За само една година неспособноста на ДПМНЕ и Арсовска го направи она што досега не се случило во Град Скопје – за прв пат скопјани се оставени без јавен превоз.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски
-
Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
-
Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
-
Владата нема да ги плаќа придонесите за минималецот
-
Трибина: Како станавме увозно зависни за храна?
-
По 23 пат во Прилеп „Карневал Прочка“
-
Наместо месечно или парцијално државата годишно ќе го набавува лекот Tрикафта за Цистична фиброза