СДСМ: Нема да успеат обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ги спасат криминалците и тајкуните
Обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку дезинформации да ги спасат криминалците и тајкуните нема да успеат, институциите да ја забрзаат истрагата
Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на криминалот и коруптивното владеење.
Во белиот дворец продолжуваат со ширење на лажни вести и невистини, повикувајќи се на дезинформации објавени во медиуми, што говори за степенот на очај во опозициската партија. Станува јасно дека како што се развива истрагата за случајот Рекет, така паниката во ВМРО-ДПМНЕ е се поголема.
Надлежните институции да расчистат како исказот на еден од осомничените стигнал до медиумите, а Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да се изјасни за веродостојноста на објавениот исказ.
Објавувањето на вакви доверливи документи со цел да се поткопа истрагата е кривично дело. Истовремено, доколку се докаже дека одредени медиуми манипулирале со содржината на документот, мора да следува одговорност согласно правните норми.
Тајкуните создадени од режимот на Никола Груевски, впрегнати со Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, прават се за да ја срушат правната држава, да не се донесе законот за ЈО, да се загрози евро-интеграцијата на земјата и да се спасат од одговорност.
Но, јалови се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку дезинформации да ја наруши постапката и да ги заштити криминалците и своите тајкуни, ќе одговараат сите за кои низ судска потапка ќе се докаже вмешаност во овој случај.
Уште еднаш, ги повикуваме надлежните институции да ја забрзаат истрагата, да се лоцираат нарачателите, извршителите и помагачите и сите, од прв до последен, да одговараат за своите постапки.
Правда и одговорност, ќе има.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка