СДСМ: Нашата партија се бори за масовна имунизација, ВМРО-ДПМНЕ поддржува антиваксерство
Додека СДСМ постојано апелира до граѓаните да се пријават за вакцинација и води кампања која ја подигнува свеста за потребата од вакцинација, за да успееме заеднички да ја победиме пандемијата, Христијан Мицкоски не повикува и не ги охрабрува граѓаните да се вакцинираат, велат од СДСМ преку соопштение.
-Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од првиот ден на пандемијата се однесуваат неодговорно и опасно по јавното здравје, со намера да му наштетат на здравствениот систем и здравствените работници. Денес кога масовната имунизација е во полн ек, тие поддржуваат антиваксерски протести на кои се загрозува јавното здравје, наместо да повикаат граѓаните да се вакцинираатвелат од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека доказ дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат намера барем еднаш да покажат одговорност е фактот дека наместо да повикаат на вакцинација, правеа евалуација на кампањата за вакцинација.
-На оваа деструктивна партија очигледно не и е јасно дека оваа борба против коронавирусот бара одговорност и посветеност од секој поединец од секоја група на граѓани и токму затоа граѓаните ќе го казнат ова антиваксерско однесување на претстојните локални избори, стои во партиското соопштение.
Ново на Сител
-
Вонреден состанок на управувачкиот комитет за кризи поради пожарот во Трубарево
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро