СДСМ: На Мицкоски нема да му успеат обидите да создаде криза, по сила на закон избори треба да се одржат на 21 јуни
Исплашен од изборен пораз, Христијан Мицкоски се обидува да ја внесе државата во политичка криза.
Мицкоски е спремен да го жртвува здравјето да граѓаните, да го саботира развојот на економијата, да ја остави државата без целокупен здрав политички систем во време на криза, само од една причина, а тоа е да избега од волјата на граѓаните.
Мицкоски е свесен за своето незрело и неодговорно однесување како за време на кризата поради коронавирусот, така и во изминатите три години и затоа се плаши од директно соочување со граѓаните.
Токму Мицкоски се согласи за избори на 12 април. Токму ВМРО-ДПМНЕ гласаше за распуштање на Собранието, поддржаа распишување на избори, влезе во техничка влада, поднесе пратенички листи, стави печат на кандидатските листи, учествуваше во жребувањето и дури има и свое бројче на гласачкото ливче.
Мицкоски единствено може да бира дали ќе води изборна кампања или не, а неговата партија во секој случај ќе се најде на гласачкото ливче.
СДСМ е одговорна партија и како и досега дава шанса на консензусот за важни прашања, но доколку нема договор и доколку продолжи незрелоста и неодоговорноста на Мицкоски, тогаш по сила на Закон, изборите ќе се одржат на 21 јуни, односно 22 дена по истекот на вонредната состојба на 30 мај, во случај да не се продолжи.
Избори мора да има заради здравјето на граѓаните, заради новата економија за која се подготвуваме, заради институциите кои треба да им служат на граѓаните во оваа државата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
Мицкоски: Инвестициите за разлика од претходно се без повластувања и барање мито
-
Договор САД-ЕУ: 15% царини за извоз на европски стоки во САД, 0% за американски производи во ЕУ
-
Словенија и Франција ни понудија помош за гаснење на пожарите, надлежните велат состојбата е под контрола
-
Таравари и ДУИ договориле заеднички листи
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Мицкоски најави мерки против растот на цените, анализата е во завршна фаза
-
Пуштен првиот од петте заглавени базени