СДСМ: Мицкоски вели пописот не бил здравствено безбеден, а неговата ВМРО-ДПМНЕ организира протести
Партијата предводена од губитникот Христијан Мицкоски која глуми загриженост за здравјето на граѓаните, продолжува со деструктивноста одржувајќи протести и загрозувајќи го јавното здравје.
Мицкоски вели дека нема да примал попишувачи, дека пописот не бил безбеден по здравјето на граѓаните, а неговата ВМРО-ДПМНЕ безпочитување на мерките одржува протести и масовни собири.
Тоа е тешко лицемерие, хипокризија на дело.
Од почетокот на пандемијата, па до денес ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се на погрешната страна, на спротивната страна од интересите на граѓаните и здравствениот систем.
На ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не им е грижа ниту за јавното здравје, ниту за здравствениот систем, ним им се важни само личните и партиските интереси.
Последен од низата докази за тоа беше вчерашниот нивен лицемерен протест пред Министерството за здравство.
Граѓаните одамна ја препознаваат деструктивноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Токму затоа шест пати ги казнуваат на избори и токму затоа повторно ќе ги казнат на изборите наесен.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега
-
Мицкоски: Заканите на Ахмети не поминуваат кај народот
-
Пазарен ќе проверува како се растат цените по маркетите – Мицкоски најавува жестока акција
-
Седница на Советот на Град Скопје
-
Ги забавуваа скопјани за Нова Година, ама цела година ги чекаат парите од Град Скопје
-
Нова спортска сала