-->
-->
СДСМ: Мицкоски продолжува само со борбата за спас на криминалците во редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-->
Христијан Мицкоски денеска призна дека се обидувал да прави саботажи и призна дека останува на браникот на криминалот.Со изјавата дека немал намера ништо да пријавува во институциите, Мицкоски призна дека тој ќе продолжи и во иднина да се бори само за спас на криминалците во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Јасно е дека за Мицкоски е несфатливо дека денес пред законите одговараат сите подеднакво па се отвораат и случаи и против високи полициски службеници, Мицкоски, кој со години беше дел од режимската матрица не може тоа да го разбере, затоа што во време на режимот такви акции беа незамисливи.
Изнесувајќи лаги за наводни изборни нерегуларности Мицкоски неуспешно се обиде на најде алиби за досегашните шест порази од граѓаните, но и да најави алиби за убедливиот пораз што го чека на локалните избори во октомври.
Тоа е Мицкоски, докажан бранител на криминалот, докажан губитник на избори, потврден извор на лажни вести.
Затоа нека не се чуди што со години е во опозиција, со ваквото неодговорно однесување уште долго таму и ќе остане.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски за Усје: Не можеме на никого да му влеземе дома и да му кажеме да ја пресели куќата
-

Дежурните служби во Скопје полни со болни пациенти
-

Отворена нова градинка во Сопиште
-

По децении чекање, државни старечки домови конечно на повидок
-

Мерката за самовработување отвори 104 нови фирми во Струмица
-

Еко патролни тимови ќе ја заштитуваат Галичица
-

Идентификувани уште 16 тела во пожарот во Кранс-Монтана
-

Тема на денот со Ирена Алексиоска Папестиев, директорка на Гинекологија
